Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ДОХА (АА) - Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, емирот на Катар, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во телефонски разговор се согласија дека само преку дипломатски средства и со воспоставување на дијалог помеѓу сите страни треба да се реши на кризата меѓу Катар и одредени арапски земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштува катарската новинска агенција Катар QNA, Путин го повикал Ал Тани при што разговарале за кризата во Заливот, заедничкиот интерес за зајакнување на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, и за развојот и зајакнувањето на односите, особено во областа на енергетиката и инвестициите.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.
Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати го затворија воздушниот простор за Катар и на граѓаните на оваа земја им наредија да ги напуштат нивните граници во рок од 48 часа.
Покрај тоа, Саудиска Арабија ја затвори копнената граница со Катар, кој има намера да покрене судска постапка против три земји.
Катар тврди дека обвинувањата се неосновани и се залага за мирно решавање на кризата.