Ekip
01 Јули 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
СТРАЗБУР (АА) - Сегашните и поранешни светски лидери се собраа во францускиот Стразбур за да се опростат од поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој почина на 16 јуни на 87 годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Саботната комеморација во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, во близина на границата со Германија, се вклопува во животното дело на Кол чии најголеми достигнувања во врска со обединувањето на Европа.
Ова е првпат на некој национален лидер да му се одржи комеморација на европско ниво.
Меѓу присутните на комеморацијата беа Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, сегашната германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Тереза Меј, францускиот актуелен претседател Емануел Maкрон и поранешниот француски претседател Николас Саркози, потоа Омер Челик, турскиот министер за односи со Европската унија, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и многу други.
Од Република Македонија, на комеморацијата присуствува зaменик нa претседaтелoт нa Влaдaтa зaдoлжен зa екoнoмски прaшaњa и зa кooрдинaцијa сo екoнoмски ресoри, Кoчo Анѓушев, зaеднo сo делегaцијa нa Влaдaтa нa Републикa Мaкедoнијa.
Јункер во своето обраќање на комеморацијата на Кол го опиша како "германски патриот, кој во исто време беше и Европски патриот".
Кол ќе биде погребан денеска по миса во германскиот град Спејдер.