Zekeriya el-Kemali,Zeynep Hilal Karyağdı
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
САНА (АА) - Од последната епидемија на колера во Јемен во периодот од април оваа година до сега загинаа околу 1.500 лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Невио Загариа, претседател на СЗО во Јемен и Шерин Варкеј, претставник на Организацијата на ОН за децата (УНИЦЕФ), одржаа прес-конференција во Сана, каде што информираа дека од 27 април до денес во 21 градови се заразиле 246.000 луѓе.
Тие истакнаа дека починаа 1500 лица. Загариа објасни дека здравствените организации во таа област прават се што е во нивна моќ, но сепак бројот на смртни случаи во некои области е зголемен.
Варкеј рече дека една четвртина од оние кои ги загубија животите се деца.
Поради неможноста на здравството во Јемен да го спречат ширењето на колерата, организациите како што се Светската здравствена организација (СЗО), Црвениот крст и УНИЦЕФ во оваа земја испратија лекови за да се стави крај на епидемијата.
Поради внатрешниот конфликт во Јемен кој трае две години, околу три милиони лица се внатрешно раселени.