свет

Продолжени судирите на периферијата на Триполи: Убиен командир на силите на Хафтар

Вооружените судири беа водени во местата Ал Азизијах и Ајн Зара

Dilara Hamit  | 21.04.2019 - Обновена : 22.04.2019
Продолжени судирите на периферијата на Триполи: Убиен командир на силите на Хафтар

ТРИПОЛИ (АА) - На периферијата на главнот град на Либија, Триполи, вчера беа продолжени вооружените судири во кои силите на Владата на национално единство зададоа големи загуби на силите лојални на командантот од источниот дел на земјата Халифа Хафтар, јавува Anadolu Agency (AA).

Вооружените судири вчера беа водени во местата Ал Азизијах и Ајн Зара.

Официјалните претставници на Владата во Триполи соопштија дека се убиени најмалку десетмина борци на Хафтар, вклучувајќи го и Амир Бусерде, еден од командирите на силите на Хафтар кај Триполи.

Генерал Халифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу неговите сили и Владата на национално единство на Либија.

Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении

Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın