Muhammed Akil,Ali Semerci
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ТРИПОЛИ (AA) - Најмалку 10 лица загинаа во последните 24 часа во судирите во либискиот Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
По 14-дневното примирје во овој град, повторно дојде до тензии и судири на двете страни. Од либиското Министерство за здравство објавија податок дека во петокот вечерта дошло до судири помеѓу групите на милицијата и дека загинале 10 лица. Меѓу загинатите се наоѓаат пет цивили, вклучувајќи еден странец.
Потврдија дека од крајот на август во овој либиски град загинале 106 лица. Повреди добија 365, а 18 се исчезнати.
Триполи од 26 август оваа година е упориште на судири. Мисијата на ОН за поддршка во Либија, на 4 септември објави дека е постигнат договор, со цел прекин на огнот меѓу ривалските сили во Триполи, откако наводно загинале десетици лица.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше соборен од власт и убиен дотогашниот лидер Муамер Гадафи. Оттогаш со земјата управуваат паралелни влади со седиште во Триполи и Тобрук, кои имаат одделни парламенти и оружени сили.