Ekipa
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Фатени се и од слобода се лишени неколку лица од партијата Национален конгрес, на чие чело се наоѓа соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медуми јавуваат дека се уапсени поранешниот прв заменик на Башир, Али Осман Таха, како и замениците Нафие Али Нафие, поранешниот претседател на Парламентот, Ахмед Ибрахим ал Тахер, и пратени во Централниот затвор „Кобер“.
Во претходните акции се уапсени претседателот на Парламентот, Ибрахим Ахмед Омар, поранешниот гувернер на Картум, Абдул Рахман ал Кадер, претприемачите Џамал ал Вали, Абдулбасит Хамза и Џамал Замкан, и поранешниот министер за одбрана, Абдул Рахим Мухамед Хусеин.
Суданската војска, по повеќемесечни протести го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
По Ал Башир е распишана и меѓународна потерница бидејќи Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг го товари за злосторства против човештвото во текот на кризата во Дарфур.