Ilgın Karlıdağ
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската полиција доцна синоќа уапси шест лица осомничени за вмешаност во терористичките напади во Брисел пред три дена, во кои загинаа 31 лице а беа повредени 260, јавува Anadolu Agency (AA).
Според белгискиот јавен сервис, кој како извор го наведува државниот обвинител, апсењата биле извршени за време на синоќешните полициските рации во бриселските населби.
Идентитетот на уапсените лица сè уште не е откриен, а повеќе детали за полициската акција се очекуваат денска.
Бомбашките напади на аеродромот Завентем и метро станицата Maелбек во вторникот, се случија само четири дена откако беше уапсен Салах Aбдеслам, осомничен како еден од главните организатори на терористичките напади во Париз на 13-ти ноември минатата година.