Ekip
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Шведската полиција соопшти дека уапсила 16 лица поврзани со незаконските демонстрации каде што се собраа околу шеесет членови на десничарската група во вториот по големина град во Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека групата маршираше во црни униформи со зелените и бели знамиња на Нордиското движење за отпор и се упати кон центарот на Гетеборг.
Од таму велат дека одржувањето на демонстрациите не е дозволено и дека набрзо беа запрени. Оние кои одбија да ги послушаат полициските наредби за да си разотидат, беа уапсени.
Останатите беа придружувани до паркингот од каде што започнаа да маршираат.
Во септември Нордиското движење за отпор доби дозвола за демонстрации на кои се собраа околу 600 луѓе. Настанот заврши со биланс од педесет апсења и неколку помали повреди, вклучувајќи и полициски службеници.