Adem Şalvarcıoğlu
11 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ДА НАНГ (AA) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, кој денеска во Виетнам се состана со рускиот претседател Владимир Путин , изјави дека во таа пригода го прашал Путин дали се вмешал во претседателските избори во САД и дека тој му одговорил дека не го направил тоа", јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп одговори на прашањето на новинарите во врска со престојувањето во виетнамскиот град Да Нанг по повод Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Се осврна и на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
„Го прашав Путин дали се мешал во процесот на претседателските избори во САД. Ми рече 'Не го направив тоа!' Ми рече повеќе пати 'Не го направив тоа. Навистина верувам дека кога ќе рече дека не го направил тоа, дека навистина и така и мисли", рече Доналд Трамп и додаде дека не дошол во Виетнам да расправа за тоа прашање.
„Не можам овде со него да се расправам за таа тема", рече Трамп и додаде: „Преубаво е да имаме добри односи со Русија".
Говорејќи за заедничката декларација која ја потпиша со Путин, која се однесува на случувањата во Сирија, Трамп рече дека тоа ќе спаси многу животи во оваа земја.
Се осврна кратко и на кризата на Корејскиот полуостров.
„Тука зборуваме за милиони човечки животи, тоа не е играчка. Кога Русија и Кина би пружиле повеќе помош за прашањето на Северна Кореја, овој проблем поскоро би се решил", рече Трамп.