Şerife Çetin
27 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Истече рокот што судот ѝ го даде на Владата на Белгија за евакуација на децата на белгиските државјани кои се придружија на терористите на ДЕАШ во Сирија, па Владата ќе мора да им плаќа парична отштета на тие деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Првостепениот суд во Брисел кон крајот на минатата година донесе пресуда со која на Владата на Белгија ѝ даде шест недели рок за евакуација на вкупно десетина деца од четворицата белгиски државјани во редовите на терористите на ДЕАШ во Сирија.
Децата се наоѓаат во кампот „Хол“, што се наоѓа во покраината Ал Хасека, која е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Денес истече зададениот рок на Владата, која со посредство на дипломатските канцеларии требаше да ги врати децата во Белгија.
Во согласност со пресудата, властите на Белгија треба да отворат банкарски сметки на имиња на десетина деца, на кои за секој ден доцнење во евакуацијата ќе им се исплатуваат по 5.000 евра. Децата ќе можат да ги земат и да ги користат парите кога ќе наполнат 21 година.
Судот им забрани враќање во Белгија на родителите на тие деца.
Адвокатот на семејствата, Мухамер Оздемир, изјави дека децата се наоѓаат во кампот во кој секојдневно се влошува нивното психофизичко здравје.