Ekipa
27 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
БЕЈРУТ (АА) - Безбедносните сили на Либан денес притворија голем број демонстранти пред Парламентот на земјата во услови на тензии пред започнувањето на расправата на пратениците за буџетот за 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносните сили ги затворија сите патишта и влезови што водат кон Парламентот во Бејрут, каде што ќе се дискутира и ќе се одобри нацрт генералниот закон за буџет, предложен од претходната Влада.
Демонстрантите успеаја да ја отстранат бодликавата жица и се судрија со безбедносните сили на северниот влез на Парламентот, обидувајќи се да ги спречат законодавците да присуствуваат на седницата за буџетот.
Минатата недела избувнаа протести во Либан против новата Влада на премиерот Хасан Диаб, формирана на почетокот на овој месец.
Либанската Црвена полумесечина на Твитер објави дека 12 лица се повредени за време на судирите кои биле хоспитализирани, додека 40 биле погодени од солзавец.
Најмалку 114 лица беа повредени минатиот понеделник во Бејрут, а 220 беа повредени во саботата откако безбедносните сили и демонстрантите се судрија пред зградата на Парламентот.
„Во Либан владее висока невработеност, бавен раст на економијата, а земјата има една од највисоките стапки на долгови во светот, со долг кој достигна 86,2 милијарди долари во првиот квартал од 2019 година“, се вели од Министерството за финансии на земјата.