свет

Од сириски Идлиб кон турската граница за 24 часа пребегаа околу 21.000 цивили

Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од деескалационата зона на Идлиб мигрираат кон местата на сириско-турската граница

Mehmet Burak Karacaoğlu, Eşref Musa  | 27.01.2020 - Обновена : 28.01.2020
Од сириски Идлиб кон турската граница за 24 часа пребегаа околу 21.000 цивили Фото: İbrahim Derviş/AA

ИДЛИБ (АА) - Најмалку 21.000 цивили пребегаа од внатрешноста на сириската област Идлиб кон турската граница во изминатите 24 часа, јавува Агенција Анадолија (AA).

Така, бројот на раселени лица од ноември минатата година се зголеми на 502.000. Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од деескалационата зона на Идлиб мигрираат кон местата на сириско-турската граница.

Станува збор за цивили што бегаат од западната и јужната периферија на деескалационата зона во Идлиб.

Шефот на Координацијата за делување во Сирија, Мухамед Халаџ, за АА изјави дека организацијата се занимава со евидентирање на миграциите во Идлиб и дека забележале пораст на миграциите поради интензивните напади.

Цивилите од Идлиб во пограничниот појас престојуваат во лоши услови во шаторските населби и чекаат меѓународна помош, што им е повеќе од потребна. Дел од бегалците бараат спас во местата во северниот дел на Сирија ослободени за време на турската антитерористичка операција „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.

Пред почетокот на сириската војна, во Идлиб живееја два милиони луѓе, а со почетокот на војната бројот на жителите е преполовен поради жестоките судири. Во март 2015 година сириските опозициски сили го зазедоа Идлиб и тој оттогаш претставува своевидно средиште на сириската опозиција.

Идлиб така стана прибежиште на раселените лица, па во моментот во тоа подрачје живеат четири милиони луѓе кои се цел на постојани напади на режимските сили и на руските сили што се приклучија во војната во октомври 2015 година.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, во текот на преговорите во мај 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за деескалациона зона. Во Сочи на 17 септември 2018 година е постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациона зона.

Согласно договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, но силите лојални на Асадовиот режим не ги сопреа артилериските и воздушните напади во тој регион.

Од потпишувањето на тој договор во нападите на Асадовиот режим и неговите сојузници во Идлиб во изминатата година се раселени над 1,3 милиони луѓе. Во нападите загинаа најмалку 1.600 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın