свет

Сирија соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана

Mатеријална штета била предизвикана во нападот, чија цел биле локациите на противвоздушната одбрана во јужните подрачја

Ikrame Imane Kouachi  | 19.04.2024 - Обновена : 21.04.2024
Сирија соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана

ИСТАНБУЛ (АА) - Сирија денес соопшти дека израелски ракети погодиле локации на противвоздушната одбрана во јужните делови на земјата, по јавувањата за израелски напад во Иран, пренесува Анадолу.

Државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори, соопшти дека материјална штета била предизвикана во нападот, чија цел биле локациите на противвоздушната одбрана во јужните подрачја.

Засега нема коментар од Израел за наводите.

Иранските државни медиуми рано утрово објавија дека против сомнителни објекти се активирала противвоздушната одбрана во неколку града, вклучително и централната провинција Исфахан.

Полуофицијалната новинска агенција Мехр соопшти дека три беспилотни летала биле уништени на небото над Исфахан.

Иранската државна телевизија потврди „огромни експлозии“ во Исфахан, но рече дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во централниот град.

Американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека Израел извршил напад во Иран.

Сè уште нема официјален израелски коментар за јавувањата за нападите во Иран.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа откако Техеран во саботата изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа седуммина воени советници.

Израел, кој официјално не ја презеде одговорноста за нападот на конзулатот, вети воен одговор на иранскиот напад викендот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın