Elena Teslova
19 Април 2024•Ажурирај: 19 Април 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а 29 се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот град Днипро, соопшти денес Државната служба за вонредни состојби на Украина, пренесува Анадолу.
„Последици од големиот напад во регионот Днепропетровск️. Според најновите информации, седум лица загинаа, меѓу кои две деца, а 26 лица се повредени, меѓу кои едно дете. Работата продолжува", соопшти службата преку Телеграм.
Во посебна изјава претседателот Владимир Зеленски рече дека биле погодени станбена зграда и железничка станица, а во нападот се погодени уште два града, Кривиј Рих и Синелникове.
Зеленски ги повика сите земји да ѝ обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана, а за оние што не можат директно да понудат такви системи, активно да се залагаат за помош од сојузниците.
Русија досега не се огласи за нападот.