свет

Израелски авион истрелал ракети врз објекти на иранското воздухопловство

Сè уште нема официјален коментар на Израел за јавувањата за нападите во Иран

Rania R.a. Abushamala  | 19.04.2024 - Обновена : 20.04.2024
Израелски авион истрелал ракети врз објекти на иранското воздухопловство

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелски авион истрелал ракети врз објекти на Иранските воздухопловни сили во централната иранска провинција Исфахан, објави весникот „Ерусалим пост“, пренесува Анадолу.

Весникот, сепак, не ги наведе изворите за наводите.

Иранските државни медиуми рано утрово објавија дека противвоздушната одбрана била активирана против сомнителни објекти во неколку градови, вклучително и Исфахан, паралелно со јавувањата за наводен израелски напад.

Полудржавната новинска агенција Мехр соопшти дека три беспилотни летала биле уништени на небото над Исфахан.

Иранската државна телевизија потврди „големи експлозии“ во Исфахан, но рече дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во централниот град.

Американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека Израел извршил напад во Иран.

Сè уште нема официјален коментар на Израел за јавувањата за нападите во Иран.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа откако Техеран во саботата изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот Конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа седуммина воени советници.

Израел, кој официјално не ја презеде одговорноста за нападот на Конзулатот, вети воен одговор на иранскиот напад викендот.

Израел е единствената земја од Блискиот Исток која има авиони Ф-35 кои можат да стигнат до Иран, избегнувајќи радарска детекција.

Израелските власти во последните години навестија можност за користење на овој тип авиони за напади против Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın