свет

Обновени летовите на Иран по наводите за израелски напад

- Обновени летовите во Иран по наводите за израелски напад рано утринава, во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Тел Авив, соопшти компанијата за воздухопловна навигација на земјата

Ikrame Imane Kouachi  | 19.04.2024 - Обновена : 19.04.2024
Обновени летовите на Иран по наводите за израелски напад

ТЕХЕРАН (АА) - Иран соопшти дека се обновени летовите по наводите за израелски напад рано утринава, во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Тел Авив, соопшти компанијата за воздухопловна навигација на земјата, јавува Анадолу.

„Летовите на меѓународниот аеродром 'Имам Хомеини' се обновени и канцелариите на авиокомпаниите се отворени“, се вели во соопштението на компанијата за аеродром и воздушна навигација, пренесена од државната новинска агенција ИРНА.

Се вели дека летовите на меѓународниот аеродром „Мехрабад“ во Техеран, исто така, се вратиле на својот претходен нормален статус.

„Поради доцнење на некои летови по неколку часа од патниците се бара да го проверат времето на летот пред да одат на аеродром“, се додава.

Иранските државни медиуми денес соопштија дека воздушната одбрана била активирана против сомнителни објекти во неколку града, вклучително и централната провинција Исфахан.

Новинската агенција Мехр, полуофицијална новинска агенција на иранската влада, соопшти дека три беспилотни летала биле уништени на небото над Исфахан.

Иранската државна телевизија ги потврди „масивните експлозии“ во Исфахан, но рече дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена или била цел во централниот дел на градот.

Американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека Израел извршил напад во Иран.

Сè уште нема официјален коментар од Израел во врска со вестите за напади во Иран.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа откако Техеран во саботата изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на израелскиот напад на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени седуммина воени советници.

Израел, кој официјално не ја презеде одговорноста за нападот на конзулатот, вети воен одговор на нападот на Иран викендов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın