Emin Avundukluoğlu
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Припадници на турската полиција лишија од слобода четири лица за последниот терористички напад во Анкара, главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван полициски функционер за АА рече дека осомничените за нападот во Анкара се припадници на терористичката организација ПКК, уапсени во координирана полициска акција во Анкара Истанбул и Карс.
Две осомничени лица уапсени се во Анкара, а по едно во Истанбул и Карс. Истиот извор додаде дека во наредиот период се очекуваат нови апсења на осомничените на нападот во центарот на Анкара кој се случи на 13 март оваа година.
Одговорноста за нападот во кој во експлозија на автомобил загинаа 37 лица ја презеде сепаристичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористичките организации во Турција, САД и Европската унија.