Ali H. M.Abo Rezeg
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
РИЈАД (АА) - Саудиската полиција застрела четворица вооружени лица и спречи терористички напад врз полициска станица северно од саудискиот главен град Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани извори, саудиската телевизиска куќа „Ал Арабија“ (Al-Arabiya) јави дека безбедносните сили спречиле напад врз полициска станица во местото Ал Зулфи, кое се наоѓа 250 километри северно од Ријад.
Истиот извор наведува дека четворица напаѓачи се убиени, без да даде детали во врска со нападот.
Саудиските власти сѐ уште не се произнесоа во врска со случајот.