Dildar Baykan
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
ЊУЈОРК (АА) - Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) ја усвои нацрт-резолуцијата со која се осудува Доналд Трамп за неговите „расистички“ изјави на твитер-профилот, насочени кон четирите жени конгресмени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нацрт-резолуцијата беше донесена со 240 гласа, а 187 беа против.
Трамп, во неделата, на својот-твитер профил ги опиша како „прогресивни демократски конгресмени“ американските конгресмени муслиманки Илхан Омар и Рашида Тлаиб и жените конгресмени Александрија Окасио-Кортез и Ајана Пресли, тврдејќи дека жените конгресмени се од мигрантско потекло, а за нивните земји од каде што потекнуваат рече: „Катастрофа во светот, најлоши, најдегенерирани и најглупави земји“.
Трамп, истакнувајќи дека е многу интересно тоа што овие лица кажуваат како треба да се водат САД, нагласи: „Зошто овие жени не се вратат назад за да ги подобрат своите корумпирани земји? Потоа вратете се назад во САД и покажете го тоа. Тие места имаат потреба од вашата помош и затоа брзо треба да се вратите. Верувам дека Ненси Пелоси (претседателката на Претставничкиот дом) ќе биде многу среќна да ви организира бесплатни патувања.“
Изјавите на Трамп предизвикаа реакции во земјата.