Mahmoud Barakat
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
КАРТУМ (АА) - Владејачкиот Воен совет на Судан потпиша договор со коалицијата на опозициските групи, со кој се одредува патот за воспоставување цивилна власт во таа африканска земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот е потпишан по маратонските преговори, што во текот на изминатата ноќ ги водеа делегациите на Воениот совет и Силите за слобода и промена.
На потпишувањето на договорот во Картум присуствуваа и медијаторските делегации, но досега не се објавени детали за потпишаниот акт.
По повеќемесечните антивладини протести, Војската на Судан во април го собори претседателот Омар ал Башир, кој владееше со таа африканска земја од 1989 година.
Војската го основаше Преодниот воен совет кој би требало да управува со земјата во период од две години. Опозицијата се противи на владеењето на Војската и бара итно формирање цивилна власт во таа африканска земја.