Nezir Aliyev
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БИШКЕК (АА) - Денеска во Киргистан се гласа на 5. претседателски избори во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната изборна комисија на Киргистан (MSK) соопшти дека во земјата ќе може да се гласа само на 2.375 изборни места во кои се поставени читачи на биометриски податоци и на 37 изборни места во странство.
Гласањето започна во 8.00 часот по локално време, а ќе заврши во 20.00 часот.
Во Киргистан право на глас имаат лицата над 18 годишна возраст. Во оваа земја се заведени околу 3 милиони лица со право на глас. Се очекува првите изборни резултати да бидат објавени 2 часа по затворањето на избирачките места.
Овие избори ги следат 773 набљудувачи од 59 земји.
На претседателските избори во Киргистан пријавени се 11 кандидати. Се очекува борбата за претседателската функција во Киргистан да се одвива меѓу кандидатот на владејачката партија Соронбај Женбеков и Омурбек Бабанов, кандидат на партијата „Република – татковина“.
Функцијата на актуелниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, завршува на 1 декември, кој поради законски регулативи повторно не може да се кандидира.