Ayhan Şimşek
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БЕРЛИН (АА) - Лидерите на ЕУ следната недела ќе одржат отворена дебата во врска со идните односи со Турција, но нема да донесат никаква официјална одлука, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нејзното неделно обраќање, Меркел рече дека побарала од Европската комисија да го претстави извештајот за Турција, во услови на неодамнешни тензии помеѓу Анкара и европските престолнини.
„Ние сигурно нема да донесеме одлука, но би сакала да ги слушнам ставовите на моите колеги за билатералните односи со Турција“ , рече Меркел.
Шефовите на земјите и владите на ЕУ треба да се состанат во Брисел на 19 и 20 октомври за планираниот состанок на Европскиот Совет.
Меркел беше под огромен притисок од нејзините ривали пред изборите на 24 септември за да ги прекине разговорите за членство на Турција во ЕУ, како поради неодамнешните тензии.
Таа минатиот месец вети дека со останатите европски лидери ќе дискутира за идните односи меѓу Турција и ЕУ, но исто така ја нагласи важноста на одржувањето дијалог со Анкара.
Односите меѓу Турција и Германија се затегнаа изминатите месеци кога турските претставници остро ги критикуваа своите германски колеги за тоа не рагирале кога се во прашање забранетите групи и терористички организации како ПКК и ФЕТО, кои во земјата вршат пропаганда, собираат финансии и спроведуваат активности за регрутирање.
Над 1.200 лица, мешу кои припадници на безбедносните сили на Турција и цивили, ги загубија своите животи откако ПКК, којашто се ноѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, ја продлжи својата повеќедецениска кампања во јули 2015 година.
Теорирстичката организација ФЕТО со нејзиниот лидер Фетула Ѓулен се одговорни за минатотгодишниот неуспешен обид за државен удар во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
Германските политичари од друга страна ја критикуваа Анкара во врска со апсењето на десетици германски државјани, вклучувајќи новинар и активист за човекови права, поради сомнеж за помагање и поттикнување на теорирстички организации.
Турските официјални претставници постојано ја истакнануваат независноста на судството во Турција, и ја отфрлија можноста за политичко влијание од страна на владата во однос на случаите со германските државјани.