Fatih Erel
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Фатих Ерел - И покрај тоа што е побарано воспоставување на мировна мисија на ОН за муслиманите од Аракан кои побегнаа во Бангладеш, за нивно безбедно враќање во своите домови, ОН досега не го разгледуваше тоа прашање.
Руперт Колвил, портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права при ОН (OHCHR), изјави дека меѓународната заедница или Советот за безбедност на ОН треба да овозможат безбедна средина, за муслиманите од Аракан да се вратат во своите домови.
Според неговите зборови потребна е меѓународна интервенција.
„Одредени бегалци бараат на безбеден начин да се вратат во Аракан, како и државјанство“, изјави Колвил.
Тој додаде дека потребно е да се одговори на насилството во Мјанмар, а бегалците од Аракан бараат мировна мисија на ОН за безбедно да се вратат во своите домови.
Претходно ОН соопштија дека нападите врз муслиманите од Аракан се вршат на организиран, систематичен и координиран начин и дека населението е свесно прогонето во Бангладеш, како и дека со поставувањето на експлозивни направи во пограничното подрачје се оневозможува нивното враќање.
Високиот комесар за човекови права Зејд Рад ал-Хусеин, операцијата која мјанмарската војска ја води во Аракан ја нарече типичен пример на етничко чистење.
И покрај тоа, ОН, кои насилствата врз араканските муслимани ги нарече злосторства против човештвото, случувањата на тоа подрачје не ги окарактеризира како геноцид.
Од друга страна, Мјанмар оневозможува пристап на официјалните лица на ОН во Аракан кои ги водат хуманитарните акции.
ОН од безбедносни причини го повлече персоналот од регионот и нареди да се работи од канцеларија, поради што многу хуманитарни акции се пролонгирани.
Податоците на ОН покажуваат дека во операциите кои ги спроведува Мјанмар од 25 август, во Бангладеш побегнале околу 536.000 муслимани од Аракан.
Во нападите страдаа илјадници муслимани, а точниот број на жртви е невозможно да се утврди поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез ниту излез од споменатото подрачје.
Мјанмарската војска и екстремистичките будисти запалија или во потполност уништија околу 200 села. Муслиманите од Аракан настојуваат преку планинското подрачје, реката Наф или преку морето да преминат во Бангладеш.