Mücahit Oktay
22 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
ЊУЈОРК (АА) - На прес-конференцијата на Обединетите нации (ОН) по претседателските избори во Иран, споделена е пораката на генералниот секретар Антонио Гутереш за продолжување на соработката во согласност со „заедничките интереси и интересите на луѓето во регионот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На дневната прес-конференција портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дужарик, на новинарското прашање во однос на победата на Ибрахим Реиси на 13-тите претседателски избори во Иран, одржани во петокот, рече:
„Генералниот секретар со нетрпение очекува континуирана соработка со иранските власти за заедничките интереси и интересите на Иранците и народите во регионот“, рече Дужарик.
На пресот одржан во седиштето на ОН во Њујорк, Дужарик рече: „Вообичаениот процес ќе биде следен, не се сомневам“, и потсети дека има уште 6 недели до преземањето на функцијата од страна на Реиси.
На претседателските избори одржани на 18 јуни во Иран, Реиси доби 62 проценти од гласовите и стана 8-ми претседател на земјата.
Во државата со приближно 83 милиони жители, право на глас имаа 59.310.307 гласачи. Од нив гласаа 28.993.004 гласачи или 48,8 проценти од гласачите.
Реиси победи на изборите со освоени скоро 18 милиони гласови.