Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ИДЛИБ / АЛЕПО (АА) - Народот кој живее во подрачјето на Идлиб, во кое се распоредени турските вооружени сили (ТСК), за да го следат прекинот на огнот од страна на силите на режимот, верува дека турската војска ќе ја исполни доверената задача и ќе ја отстрани опасноста што ја предизвикува терористичката организација ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел намалување на тензиите во подрачјето на Идлиб (зона без судири), населението од местото Дарет Изе за АА говореа за набљудувачката мисија на турските вооружени сили за имплементација на прекинот на огнот.
Ахмет Ебу Тајип, жител од руралниот дел на подрачјето западно од Алепо, изјави дека е многу среќен поради влезот на ТСК во Идлиб. „Се надевам дека ќе ни обезбедат сигурност. Животот ќе се врати во нормала. Народот во зоните без судири ќе биде безбеден”.
Ебу Тајип (27) истакна: „Турската војска влезе во Идлиб. Ќе прекинат нападите од страна на Русија, режимот и сепаратистичките ПКК и ПЈД. Доколку војската не влезеше, нападите ќе продолжеа”.
Ебу Тајип истакна дека застапеноста на турските сили во подрачјето е значајно за спречувањето на ПКК/ПЈД да ги окупира планираните подрачја.
„ПКК и ПЈД се терористички организации. Се надевам дека со влезот на турската војска ќе запрат заканите и нападите на терористичките организации и ќе запрат нивните желби за понатамошно проширување”, рече Тајип.
Осумгодишната Фатма Али рече: „Благодарение на турската војска, безбедно ќе можеме да одиме на училиште. Повеќе нема да ги слушаме воените авиони. Турските војници ќе нѐ штитат од ПКК”.
- „Турската војска ќе нѐ штити од ПКК” -
Мухамед Али (53), жител на Дарет Изе, се надева дека присуството на ТСК ќе овозможи нормализирање на животот во подрачејето, додавајќи: „Со турската војска ќе дојде безбедноста, мирот и работата. Доколку војската не влезеше, ќе имаше поголеми разорувања. ПКК и онака цело време како цел го има Дарет Изе. Турската војска ќе нѐ штити од ПКК”.
- „Ќе добиеме стабилност и безбедност” -
Мусаб Решит (24) изјави: „Се надевам дека со помош на Турција, ќе се подобри состојбата во нашата земја. Ќе се спасиме од нападите на ПКК. Доколку Турција не влезеше, ќе се зголемеја ризиците за напади од ПКК”.
Али Хулу (46) истакна: „Ние како народ им посакуваме добредојде. Благодарение на турската војска ќе запрат воздушните напади, а ќе добиеме стабилност и безбедност. Ќе имаме развој и ќе се подобрат животните услови на цивилите. Постојано бевме загрижени во училиштата, универзитетите и верските објекти”.
Турција, како една од земјите-гаранти за зачувување на примирјето во зоните без судири, во четвртокот ги испрати турските сили како контролна сила за намалување на напнатоста во подрачјето на Идлиб.
Турските сили во првата етапа се позиционираа на точки во околината на Африн, близу границата со Турција кои се под контрола на ПКК/ПЈД.
Целта на распределувањето на турските воени елементи на територијата на Идлиб е да се зголемат активностите околу воспоставениот прекин на огнот меѓу режимот и опозицијата, да се стави крај на судирите, да се овозможи испорака на хуманитарна помош, создавање соодветни услови за враќање на миграните во сопствените домови, како и поддршка за создавање соодветни услови за изнаоѓање мировно решение за кризата во Сирија.
Во рамките на постигнатиот договор за прекин на огнот во Астана со останатите гаранти Русија и Иран, ќе продолжи распределувањето долж граничната линија од Идлиб до Африн.