Handan Kazancı
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - Поранешниот гувернер на Киркук, Неџмедин Карим, порача дека народот на тој град богат со нафта ги поддржува курдските вооружени сили, пешмерги, и дека тие нема да се повлечат од градот на барање на ирачката влада од Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалната курдска заедница денес во Киркук излезе на улиците за да протестира поради можната воена интервенција која би можеле да ја покренат федералните ирачки власти, а демонстрантите ги поддржа и неодамнешниот гувернер Карим, кого ирачкиот парламент неодамна го разреши од должност поради учество во организирање на нелегитимниот референдум во Регионалната курдска управа во северниот дел на земјата.
„Овие луѓе ја сакаат својата татковина. Многу жртви за овој град се веќе дадени и пријателите нека не мислат дека така лесно ќе го преземат овој град“, порача Карим.
Ситуацијата во Киркук е многу напната поради тензиите кои веќе неколку дена растат на релација меѓу курдските сили пешмерги и ирачките вооружени сили.
Ирачката војска уште во петокот распореди единици во селата Таза и Башир, кои се наоѓаат десетина километри јужно од центарот на Киркук.
И покрај противењето на меѓународната заедница и фактот дека Уставниот суд на Ирак го забрани, на северниот дел на Ирак на 25 септември спроведен е нелегитимен референдум за независност.
Регионалната курдска управа го организираше спорнот референдум и на подрачјето на Киркук и другите региони кои имаат нерешен статус според Уставот на Ирак.
Спорниот статус на Киркук чека на решавање уште од 2003 година и американските инвазии во Ирак, кога курдските сили од северениот дел на Ирак презедоа контрола во градот, и кога голем број на курдско население се досели во градот.
Уставниот суд на Ирак, кој е усвоен во 2005 година, во членот 140 предвидува статусот на Киркук да се одреди со референдум кој ќе биде организиран откако прогонетите жители во периодот на владеењето на Садам Хусеин се вратат во градот, и откако ќе се изврши попис на населението.
Официјален Багдад тврди дека власта во регионот на Киркурк е под ингеренции на ирачката влада, додека локалното курдско население и владејачката Унија на курдските патриоти сакаат регионот да се припои на Курдската регионална управа во северен Ирак. Туркменското и арапското население и нивните политички партии се противат на тој план и бараат на Киркук да му се даде специјален статус во Ирак.