Kemal Zorlak
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Загреб порача дека Асадовио режим и Русија мораат да ја прекинат офанзивата во Сирија и дека меѓународната заедница мора да се бави со причините, односно дека е неопходно да се дојде до политичко решение на кризата и судирите во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во рамките на посетата на Хрватска во Загреб се состана со премиерот Андреј Пленковиќ, а по состанокот е одржана конференција за новинари.
Столтенберг истакна дека во текот на состанокот станало збор за кризата во Сирија, односно нејзиното влијание на НАТО сојузниците и земјите членки на Европската унија.
„Се согласивме дека ситуацијата е многу комплексна, променлива и ранлива. Ги осудивме бомбардирањата на Асадовиот режим и Русија, со кои се причинува стадање на цивилите", рече Столтенберг.
Додаде дека „Грција исто така значително е погодена со моменталната ситуација" и потсети дека неодамна разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Грција, според Столтенберг „носи голем товар."
„Предизвиците на миграциите се предизвици кои сите ги споделуваме и поради тоа треба заедно да дојдеме до решение. НАТО има трупи во Егејското море, но меѓународната заедница мора да се позабави со причините на оваа криза, мораме да дојдеме до политичко решение на кризата и судирите во Сирија, Асадовиот режим и Русија мораат да ја прекинат офанзивата, да го почитуваат меѓународното право и да се трудат да најдат мирно решение", рече Столтенберг.
- „Во наредните недели ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО"
Осврнувајќи се и на безбедносната ситуација на Западен Балкан, Столтенберг рече дека НАТО е посветен на стабилноста и безбедноста на регионот и дека Хрватска во тоа има значајна улога.
„Вие (Хрватска) сте голем борец на политиката на НАТО, ја цениме вашата политичка поддршка за пристапувањето на Северна Македонија. Овој процес е во тек и во наредните недели ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО", рече Столтенберг.
Упати честитки до Хрватска по повод претседавањето со ЕУ и додаде:
„Безбедносните предизвици со кои се соочуваме со премногу комплексни за да една држава или организација се соочат со нив. Затоа е важно да продолжиме да ја јакнеме соработката помеѓу НАТО и ЕУ."