Husamedin Gina
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија, Никола Димитров, се сретна со министерот за надворешни работи на Јужен Кипар, Никос Христодулидес, кој престојува во прва официјална билатерална посета на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите за надворешни работи, Димитров и Христодулидес остварија билатерална средба, по што се одржа и состанок на делегациите.
„Имавме отворена пријателски плодотворна дискусија која главно беше насочена на нашиот пат за европската интеграција и нашите напори за почеток на преговори за членство“, истакна министерот Никола Димитров додавајќи дека празните страници од меѓусебната соработка, ќе ги пополнат со позитивна соработка во сите сектори.
Министерот за надворешни работи на Република Јужен Кипар, Никос Христодулидес, истакна дека главната причина за денешната посета на Северна Македонија е да се пренесе силна политичка од земја членка на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија.
Тој исто така истакна дека Северна Македонија направи сериозни напори за напредок на реформската агенда и исполнување на критериумите и дека сега на ред е Европската унија.
Според Христодулос, постои голем интерес од страна на бизнисмените во Јужен Кипар да инвестираат во Северна Македонија.
„Постои голем интерес од страна на бизнисмените да инвестираат во земјата и задоволство ми е што се договоривме да се одржи бизнис форум во Скопје и Никозија и исто така да потпишеме договор за избегнување на двојното оданочување“, нагласи Христодулидес.
Министерот Никос Христодулидес денеска претходно беше примен и од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а оствари средба и со премиерот Оливер Спасовски.