Ivana Ramadanova
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
СКОПЈЕ (AА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на состанокот на лидерите од Процесот „Брдо Бриони” што се одржува утре во Брдо кај Крањ,Словенија, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на Република Македонија на настанот ја предводи претседателот Ѓорге Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот, учество ќе земат и останати високи претставници од Европската унија.
Според соопштението на МНР, овогодишен специјален гостин на состанокот ќе биде федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.
На состанокот, како што се наведува, ќе се дискутираат теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ и европските перспективи на регионот, а Министерот Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби за време на состанокот.