Besar Ademi
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Норвешка, Борге Бренде, кој се наоѓа за службена посета во Македонија, по средбата со неговиот македонски колега, Никола Димитров, истакна дека за неговата земја многу значајно е цврсто да се подвлече непоколебливото партнерство на Шведска со Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на норвешката дипломатијата нагласи дека Норвешка и Македонија имаат една долга историја на дипломатските односи, додека наредната година, како што рече тој, овие две земји ќе ја одбележат 25. годишнина на дипломатските односи.
„Ние ја поддржуваме вашата влада во евро-атлантските аспирации и амбиции. Ние, исто така, сме фокусирани на развивање на инклузивноста и очекуваме да има соработка меѓу страните во Собрнието“ изјави Бренде, истакнувајќи дека Норвешка е партнер со голем број проекти во Македонија.
Бренде посочи дека тоа што Македонија може да го научи од Норвешка е фактот, дека пред 100 години Норвешка беше најсиромашната земја во Европа, додека денеска, како што вели тој, Норвешка е најразвиената земја.
Од друга страна, министерот Димитров истакна дека на средбата е разговарано за билатералните односи меѓу двете земји кои, според него, се многу блиски и пријателски. Тој додаде дека на двете страни има потенцијал овие односи да се развијат и понатаму во неколку области.
„Ние сме многу благодарни што поддршката од Норвешка и претходно и сега за нашиот североатлански пат стои и му кажав на министерот дега особено во овој момент за регионот, поддршката за покана за членството во НАТО за Македонија ќе има многу смирувачки и корисен ефект и за Македонија и за Балканот и за НАТО Алијансата “ вели Димитров.
Минисерот Бренде престојува во Македонија на покана на македонскиот шеф на дипломатијата. Тој заедно со неговиот македонски колега, во просториите на македонското Министерство за надворешни работи реализираа тет-а-тет средба, а потоа се одржа и средба на делегациите на двете земји.