Ebru Şengül Cevrioğlu
25 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Пријавени се прекини во снабдувањето со електрична енергија во поголемите градови во Узбекистан, Казахстан, Киргистан, јавија претставништватана меѓународните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Казахстан прекините се пријавени во Алмати, Шимкент, Тараз и Туркистан и во околните области. Со меѓусебно поврзани мрежи во земјата, прекините исто така ги зафатија и Бишкек, Ош и некои други градови во Киргистан.
Министерството за енергетика на Узбекистан соопшти дека работите за решавање на прекините во снабдувањето на електрична енергија во неколку региони се во тек.
Министерството истакна дека големите прекини на електрична енергија се поврзани со поголема незгода во енергетскиот систем, која се случила денес во 11:00 часот по локално време, според медиумите.
Се истакнува дека Министерството за домување предупредило на можни прекини во работата на греењето, водоснабдувањето и канализационата мрежа.