свет

Казахстан: Во експлозија во зграда во Шимкент загинаа две лица

Министерството за здравство во Шимкент наведе дека од експлозијата загинале припадник на обезбедувањето и едно од тројката новороденчиња родени пред 18 дена.

Meiramgul Kussainova  | 21.05.2022 - Обновена : 22.05.2022
Казахстан: Во експлозија во зграда во Шимкент загинаа две лица Фото: Полициска управа на Шимкент

НУР СУЛТАН (АА) - Во експлозијата што се случи во двокатна зграда на аптека покрај зграда на породилно во градот Шимкент во јужниот дел на Казахстан, животот го загубија припадник на службата за обезбедување и новороденче, известува Агенција Анадолија (АА).

Од полициската управа на Шимкент наведуваат дека двокатната зграда на аптеката е делумно уништена во експлозијата што се случи околу 11:36 часот по локално време.

Полицијата информираше дека е дојдено до телото на припадникот на службата за обезбедување, додавајќи дека нема повредени.

Во полициското соопштение се вели дека повеќе од 100 трудници и новороденчиња се евакуирани од породилиштето што се наоѓало покрај зградата во која се случила експлозијата.

Министерството за здравство во Шимкент наведе дека од експлозијата загинало и едно од тројката новороденчиња родени пред 18 дена.

Полицијата информираше дека е причинета и материјална штета на петтокатницата која се наоѓала во близина и на седум возила.

Се претпоставува дека можна причина за експлозијата е компресија на гас.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın