Rahmi Gündüz
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) – Лидерот на партијата Национален фронт, екстремната десничарка Марин Ле Пен, која ќе се бори за претседателската функција во Франција на претстојните избори, предложи повторно да се воведе национална валута во секојневниот живот, пренесува Anadolu Agency (AA)
Во изјава за радио „Еуро-1“, Ле Пен изјави: „Французите треба да ги користат своите национални валути во секојдневниот живот. Во паричниците на Французите треба да бидат нивните национални пари“.
Ле Пен додаде дека според тоа, државите и големите компании во меѓусебните односи ќе можат да користат заедничка валута.
„Како и во минатото, меѓу компаниите може да се користи ECU – европската валута. Оваа парична валута не мора директно да ги засега Французите. Оваа валута можат да ја користат државите и големите компании“, рече лидерот на екстремната десница Ле Пен.
Ле Пен тврди дека преминувањето кон заедничко користење на еврото е неуспешно. „Околу 140 економисти, меѓу кои има и такви што 4 пати добиле Нобелова награда за економија, сметаат дека еврото претставува бариера за економската конкурентност, што пак предизвикува раст на невработеноста“, вели Ла Пен.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, во април и мај.
Последните анкети покажуваат дека Ле Пен лесно ќе мине во вториот круг.