Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека ќе воспостави безбедна зона во Сирија, изјави дека е добро да се разгледаат сите можни последици, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во Москва изјави дека е важно таквата одлука да не ја влоши ситуацијата на бегалците од Сирија.
„Треба добро да се размисли за сите можни резултати“, рече Песков, кој додаде дека со САД не е разговарано за оваа тема и дека Вашингтон сам ја донел таа одлука.
Осврнувајќи се на состојбата во Сирија, која е зафатена со војна, Трамп претходно изјави дека земјата треба да воспостави безбедна зона во која би биле сместени бегалците, со што би се спречил понатамошниот бран на бегалците во Европа.
„Во Сирија, за овој народ сигурно ќе воспоставам безбедна зона. Мислам дека Европа погреши со одлуката да прифати милиони од овие луѓе. Сега таму се случува целосна катастрофа“, изјави Трамп.