Selçuk Acar
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Илјадници Американци поради можноста претседателот Доналд Трамп да воведе ограничување за влез на муслиманите во земјата, одржаа протест во градот Њујорк под слоганот „Сите сме муслимани“, јавува Anadolu Agency (AA).
По веста дека Трамп ќе го потпише претседателскиот декрет со кој се воведува ограничување за влез на муслиманите во Америка, најголемата муслиманска невладина огранизација, Советот за американско-исламски односи организираше митинг и мировен марш.
Во подрачјето на Гринвич Вилиџ, во паркот „Вашингтон сквер“ во Њујорк се собраа илјадници Американци, во знак на протест против политиката на Трамп кон бегалците и муслиманите.
На протестот беа извикувани слоганите: „Не за Трамп, не за ККК (Кју Клукс Клан – фашистичка организација против Афроамериканците), не за фашистичка САД“, „Отворено и гласно кажи: Белгалци добредојдовте3, „Сите сме муслимани, сите сме мигранти“, „Застани исправено и спротивстави се“, „Не за законот, не за ѕидот“, а носеа пароли на кои пишуваше: „Се солидализираме со нашите муслимански браќа“, „Не се бори со мигрантите, бори се против незнаењето“ и „Оваа земја е основана од имигранти“.
- „И јас сум тука за да кажам дека сум муслиман“
На митингот во Њујорк предводен од страна на Афаф Нашер, извршен директор на Советот на американско-исламски односи во Њујорк, збор зеде и Нидија Веласкес, член на Конгресот од Демократската партија од Њујорк, која изјави: „Ја отфрламе политиката што задава болка и ја враќа нацијата назад“.
Во говорот, Веласкес рече: „Сите ние ги видовме сликите на децата од Алепо. Нѐ боли душата за нив“ и додаде: „Тука сум за да можат нашите муслимански браќа денеска и во иднина да речат 'И јас сум муслиман'“.
По говорот на Веласкес, која е првата жена по потекло од Порто Рико, член на Конгресот на САД, збор земдоа високи функционери на општината Њујорк и официјални лица од невладини организации.
Претседателката на собранието на Њујорк, Мелиса Марк-Виверито, во својот говор рече: „Во моментов тука сум за го додадам мојот глас кон овој отпор. И јас сум дел од овој отпор. Сите ние имаме потреба да ја земеме убавата енергија од маршот на жените што се одржа минатата сабота“.
На митингот зборуваше и благајникот на градската каса, Скот Стрингер, кој изјави: „Како евреин, јас сум заедно со муслиманската заедница, бидејќи денеска и секој нареден ден, ние сме еден народ во градот Њујорк“.
Јавниот претставник на општината Њујорк, Летисија Џејмс пред насобраните протестанти го рече следното:
„Од крвта, потта и солзите на мигрантите и бегалците станавме поголем град. Нема да ги затвориме границите. Нема да ги затвориме нашите брегови. Големината на Њујорк е во тоа што тој е град на имигранти и претставува град-засолниште. Секоја закана кон некоја група, независно дали е кон обоените, муслиманите или евреите, претставува закана насочена кон сите нас“.
- „Во знак на солидарност, подготвена сум да станам муслиманка“
Првата жена министерка за надворешни работи на САД, Меделин Олбрајт, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Бев израсната како католик, станав верник на Епископалната црква. Подоцна разбрав дека моето семејство е еврејско. Во знак на солидарност, подготвена сум да станам муслиманка“.
За време на претседателсктие избори во САД, во знак на протест против антимуслиманските говори на Трамп, американскиот режисер Мајкл Мур пред зградата „Трамп тауер“ носеше плакат на кој беше испишано: „Сите сме муслимани“.