Ekipa
18 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Премиерот на Пакистан, Имран Кан, денеска ја повика меѓународната заедница да преземе адекватни чекори во насока на обезбедување на индискиот нуклеарен арсенал, а апелот го упати откако индиските власти најавија можни измени во нуклеарната програма, јавува Anadolu Agency (AA).
„Светот мора сериозно да ги разгледа безбедноста и состојбата на нуклеарниот арсенал на Индија, кој е под контрола на фашистичката, расистичката и хинду супермацистичка влада на Нарендра Моди. Ова прашање не се однесува само на регионот, туку и на целиот свет“, порача пакистанскиот премиер Кан.
Индискиот министер за одбрана, Рајант Синг, во петокот рече дека земјата се придржувала до начелата дека нема прва да изврши нуклеарни напади и додаде дека ова прашање во иднина ќе зависи од околностите.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ја предупреди меѓународната заедница на комуникациската и секоја друга блокада која индиските власти ја спроведуваат врз девет милиони луѓе во кризното подрачје на Џаму и Кашмир.