Erbil Başay
18 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Гласноговорникот на германската Влада, Штефен Зајберт, истакна дека излезот на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ) со договор е многу подобар од Брегзит без договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Зајберт денеска во Берлин нагласи дека германската Влада изразува жалење бидејќи Велика Британија сака да ја напушти ЕУ, но според него, фактите треба да се земат предвид, а факт е дека Велика Британија сака да ја напушти Унијата.
Како што рече, поради тоа германската Влада секогаш вложува напор за Брегзит со договор.
„Брегзит со договор е многу подобар од Брегзит без договор“, нагласи Зајберт, додавајќи дека Брегзит без договор не е во ничиј интерес.
Тој истакна дека во Европскиот совет кој има 27 земји членки, ќе се одлучи за ставот на ЕУ кон Брегзит, и дека овие земји се на иста линија во врска со ова прашање.
Тој нагласи дека германската Влада е во редовен контакт со британските власти, и дека германската канцеларка Ангела Меркел в среда во Берлин ќе се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон.