свет

ДЕАШ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Авганистан

Самоубиствениот напад во Кабул го извршил милитант државјанин на Пакистан, кој вршел активности во име на оваа терористичка организација

Emre Aytekin  | 18.08.2019 - Обновена : 19.08.2019
ДЕАШ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Авганистан

КАБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад кој беше извршен за време на свадба во авганистанскиот главен град Кабул, каде што смртно настрадаа 63 лица, меѓу кои деца и жени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението објавено на интернет-страницата поврзана со оваа терористичка организација, самоубиствениот напад во Кабул го извршил милитант државјанин на Пакистан, кој вршел активности во име на оваа терористичка организација.

Во соопштението се тврди дека во рамки на оваа терористичка организација, покрај самоубиствениот напад, експлодирало уште едно возило бомба.

Инаку, 63 лица загинаа, додека 182 лица се повредени во синоќешниот самоубиствен напад за време на свадба во ресторан во Кабул.

Според очевидците, во нападот кој беше извршен во 22:40 часот по локално време, напаѓачот, експлозивната направа која ја носел со себе ја активирал во ресторан, на место каде што имало собрано повеќе луѓе кои биле гости на свадбата, меѓу кои и деца.

ДЕАШ од 2014 година изведува терористички активности во Авганистан.

Оваа терористичка организација на 7 август изврши уште еден терористички напад на истата улица каде што се наоѓа споменатиот ресторан, во кој загинаа 13 лица, додека повредени беа 145 лица, претежно цивили. Во нападот биле таргетирани безбедносните сили кои се наоѓале таму.

Привлекува внимание тоа што овие терористички напади се вршат во период кога Соединетите Американски Држави (САД) и талибанците во Авганистан ги продолжуваат преговорите за постигнување постојан мир во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın