Haydar Karaalp
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
БАГДАД
Ирачкиот премиер, Адил Абдулмехди, истакнувајќи дека со убиството на Касим Сулејмани, командантот на силите на Ерусалим поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација „Хашд ал Шаби“, е нарушен интегритетот на неговата земја, при што нагласи: „Нападот го запали фитилот за разурнувачка војна во Ирак и регионот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдулмехди во писменото соопштение остро го осуди убиството на Сулејмани, Мухендис и на другите овластени лица од страна на американската администрација.
„Сулејмани и Мухендис се симболични лидери во победата против ДЕАШ“, рече премиерот на Ирак.
„Атентатот врз официјалниот ирачки воен лидер е непријателство кон ирачкиот народ, државата и Владата. Ликвидацијата на воените лидери на Ирак и братските земји (Иран) на територијата на Ирак претставува кршење на суверенитетот на нашата земја и напад на честа на државата. Исто така, овој напад го запали фитилот за разурнувачка војна во Ирак и регионот. Нападот исто така е спротивен на условите за присуство на американските трупи во Ирак“, нагласи премиерот на Ирак.
- Вонредна седница на Собранието
Абдулмехди го повика Собранието да одржи вонредна седница на која ќе се разговара за нападот.
Премиерот рече дека повикот го направил со цел да се утврди официјалниот став на Ирак и да се заштити безбедноста и суверенитетот на земјата.