Elena Trenchevska Chekovic
14 Јули 2025•Ажурирај: 16 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Со порастот на температурите жителите на Сенегал ги преплавија прекрасните плажи, обидувајќи се да избегаат од жешкото време, јавува Анадолу.
Поради топлотниот бран и влажниот воздух, жителите и посетителите на Дакар, главниот град на Сенегал, се разладуваат со пливање во морето.
Нгор, една од најпознатите плажи во градот, беше преполна со посетители во текот на викендот.
Посетителите пливаа во тиркизните води, се сончаа и уживаа во водните спортови, а децата си играа на ситниот песок.
Чадорите наредени по должината на брегот создадоа шаренолика глетка од воздух.
Уличните продавачи го искористија топлото време, продавајќи освежителни пијалаци на посетителите на плажата.