Esra Taşkın
09 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
ПАРИЗ (АА) - Во Франција е издадено портокалово предупредување во 34 провинции поради поплави и бури, изведстува Анадолу.
Според Метео-Франс, преодолжуваат неповолните временски услови во повеќе делови од земјата.
Бројот на провинции под „портокалова тревога“ поради опасност од поплави и бури се зголеми на 34, додека жолтото предупредување е на сила во 47 провинции.
На југот на земјата, особено во западните Пиринеи, ветровите би можеле да достигнат брзина и до 150 километри на час, а обилни врнежи се очекуваат во регионите на Париз и Лоарски Крај.