Muhammet Nazım Taşcı
14 Август 2022•Ажурирај: 14 Август 2022
Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан, истакна дека ќе одржи протести против коалициската влада низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, лидерот на партијата Пакистанско движење за правда (ПТИ), Кан, се обрати пред своите приврзаници на еден стадион во Лахоре.
Кан нагласи дека борбата за вистинска слобода влегла во завршна фаза, најавувајќи дека ќе организира антивладини протести низ целата земја.
Тој рече дека протестите ќе ги започне во Равалпинди, и дека ќе одржи демонстрации во Карачи, Исламабад, Пешавар и бројни други градови.
Нагласувајќи дека сака да ги заштити интересите на својата земја, Кан истакна дека не е антиамерикански настроен и дека сака добри односи со Вашингтон.
Во своите претходни изјави, Кан ги обвини САД за соборувањето на неговата влада.
Владата на Имран Кан падна на 10 април откако беше гласано со 174 гласа „против“ како резултат на гласањето за недоверба одржано во Парламентот во Пакистан.
Шахбаз Шариф, брат на Наваз Шариф, кој беше премиер во три мандати во земјата, беше избран за премиер со поддршка од апсолутното мнозинство со 174 гласа на изборите одржани во Парламентот на 11 април.