İdris Sülün
14 Август 2022•Ажурирај: 15 Август 2022
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во источниот дел на Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмолошки истражувања на САД.
Се вели дека земјотресот се случил на отворени води, околу 158 километри од селото Лаикит при индонезиската покраина Северен Сулавеси.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5,7 степени се случил на длабочина од околу 30 километри под морето.
Како што се наведува во ова соопштение, нема сериозна штета и жртви во земјотресот.