Alperen Aktaş
07 Септември 2023•Ажурирај: 13 Септември 2023
ТОКИО (АА) - По налог на Обвинителството во Токио е приведен Масатоши Акимото, поранешен заменик-министер за надворешни работи на Јапонија и член на Долниот дом на Парламентот, под обвинение дека наводно примил мито во висина од 61 милион јени (околу 410.000 долари) од компанија за изградба на ветроелектрана, пренесува Анадолу.
Обвинет е дека влијаел во Парламентот во корист на понудата на компанијата за проектирање ветроелектрана во море во префектурата Аомори и на други места, објави агенцијата „Кјодо“.
Во февруари 2019 година, за време на седница на Долниот дом, Акимото се залагал за помали ограничувања за ветроелектрана во морето во префектурата Аомори.
Акимото е познат по промоцијата на користење обновливи извори на енергија, а ја напушти владејачката Либерално-демократска партија и се повлече од функцијата парламентарен заменик-министер за надворешни работи по обвинувањата за примање мито.