Alaattin Doğru
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ДАКАР
Поројните дождови што го зафатија Мали, предизвикаа поплави во кои 15 лица ги загубија животите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, поројните дождови што вчера го зафатија главниот град, Бамако, предизвикаа поплави и прелевања во поголем број подрачја од градот.
Поплавите одзедоа 15 животи, а од надојдените водени буици се повредени 2 лица.
Врнежите предизвикаа оштетувања на голем број домови и работни простории.
Поројните врнежи од дожд често предизвикуваат смртни случаи на Мали, бидејќи куќите во оваа земја претежно се изработени од ќерпич.