свет

ЕУ досега има префрлено само 2,22 милијарди евра за Сиријците во Турција

Европската Унија (ЕУ), од фондот од 6 милијарди евра за Сиријците во Турција, за кои вети дека ќе ги обезбеди, има префрлено само 2,22 милијарди евра

Ata Ufuk Şeker  | 17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
ЕУ досега има префрлено само 2,22 милијарди евра за Сиријците во Турција

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), од фондот од 6 милијарди евра за Сиријците во Турција, за кои вети дека ќе ги обезбеди, до ден-денес префрли 2,22 милијарди евра, пренеусва Anadolu Agency (AA).

Европската комисија соопшти дека 12. состанок на Извршниот комитет на Програмата за финансиска помош за поддршка на Сиријците во Турција е одржан во Брисел.

Во соопштението се наведува дека на состанокот на Комитетот бил разгледан годишниот извештај за Програмата за финансиска помош и дека процесот на оценување на разните предлог-проекти за поддршка на бегалците од 845 милиони евра е завршен

Се нагласува дека во буџетот на фондот основан за поддршка на Сиријците во Турција има вкупно 6 милијарди евра.

Исто така, се вели дека во фондот се префрлени 4,2 милијарди евра, за 3,45 милијарди евра е потпишан договор, а наплатени се 2,22 милијарди евра. 

ЕУ, на самитот Турција-ЕУ, одржан на 29 ноември 2015 година, вети дека ќе обезбеди 3 милијарди евра за финансирање на Сиријците во Турција. На самитот на 18 март беше одлучено да се воведе дополнителен фонд од 3 милијарди евра. 

Фондот треба да биде потрошен за обезбедување на основните потреби на Сиријците во Турција, како што се здравство, образование, инфраструктура, храна и други потреби. 

Турција е домаќин на најголем број бегалци во светот. Турција ја обвинува ЕУ дека не ја префрлува доволно брзо финансиската помош за Сиријците. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın