Murat Temizer
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ВАРШАВА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Полска, Мариуш Камински, истакна дека неговата земја донела одлука за спроведување привремени контроли на границата со Словачка, пренесува Анадолу.
Според веста на полската новинска агенција ПАП, контролите ќе бидат спроведувани десет дена, но постои можност тоа да продолжи.
Камински нагласи дека привремените контроли на границата со Словачка повторно ќе започнат од полноќ.
Тој рече дека некои странци преку Полска преминуваат во Германија и во другите земји членки на ЕУ, и дека во последните две недели биле фатени 551 илегален мигрант.
Полска во октомври 2022 година изгради бариера од бодликави жици долга 186 километри на границата со Белорусија откако илјадници мигранти се обидоа да влезат во полска територија.
Исто така, во јуни на границата меѓу Полска и Белорусија беа поставени камери, опрема за термички надзор и електронски бариери кои се состојат од сензори.