Fatma Esma Arslan
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ДАКАР (АА) – Најмалку 29 војници загинаа во терористички напад што се случи во африканската земја Нигер во близина на нејзината граница со Мали, пренесува Анадолу.
Министерството за одбрана на Нигер соопшти дека цел на нападот била воена единица која се враќала од антитерористичка операција во областа Табатол.
Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 29 војници, а уште двајца се ранети. Наведено е дека се неутрализирани неколку терористи.
Исто така се наведува дека во Нигер е прогласена тридневна жалост поради смртта на војниците во терористичкиот напад, што е најсмртоносниот терористички чин откако Армијата ја презеде власта во Нигер на крајот на јули.