Mehmet Yılmaz
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
ВАРШАВА (АА) - Полска упати нота до Франција поради изјавите на францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со Полска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Полска се наведува дека заменик-амбасадорот на Франција во Варшава е повикан во министерството.
„Заменик-амбасадорот е известен за незадоволството на полската влада поради 'арогантните изрази на Макрон' од страна на претседателскиот портпарол на Полска, Марек Магиеровски“ се вели во соопштението.
Францускиот претседател, Макрон, во текот на посетата на Бугарија истакна дека варшавската влада се оддалечува себеси од Европа, а овие зборови добија реакција. Полскиот премиер, Беата Шидло, нагласи дека Емануел Макрон е неискусен во политката.
„Арогантните изрази на Макрон можат да се сметаат како неискуство во политиката“ додаде тој.
Шидло, истакна: „Му препорачувам на почитуваниот претседател да се концентрира на неговата земја. Можеби тогаш ќе може да им ги нуди на неговите граѓани економски резултати и безбедносно ниво кои Полска им ги пружа на нејзините граѓани“.
Полскиот министер за надврешни работи, Витолд Вашциковски, на една заедничка прес-конфереција со турскиот министер а надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тврдеше дека Полска не се отуѓува од Европа.
„Денес сме домаќини на еден значаен собир. Се гледа дека почитуваниот претседател Макрон не ги следи вестите, и не знае што се случува во овој дел на Европа. Секако дека некогаш се случуваат и вакви нешта“, нагласи Вашциковски.