James Kunda
28 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
ЛУСАКА (AA) – Намибиски политичар што го носи името на германскиот диктатор Адолф Хитлер повторно убедливо победи на локалните избори, според официјалните резултати објавени доцна синоќа, јавува Анадолу.
Адолф Хитлер Унона, кој од неодамна бара да биде именуван само како Адолф Унона, ја задржа советничката позиција во својата мала северна општина Омпундја во регионот Ошана, освојувајќи 1.275 гласови, а неговиот единствен противкандидат Исак Акава освои 148 гласови.
Унона, кој нема никаква врска со злогласниот нацистички лидер, се кандидираше под знамето на владејачката партија СВАПО, а Акава беше кандидат на Независните патриоти за промена (ИПЦ).
Педесет и деветгодишниот политичар е на оваа функција уште од 2004 година, во регион што некогаш бил германска колонија. Претходно вчера тој официјално соопшти дека повеќе не сака да биде поврзуван со роденото име.
Тој бил цитиран од локални медиуми дека неговиот карактер и амбиции „целосно се спротивни“ од оние на поранешниот канцелар на нацистичка Германија, за кого, како што изјавил, „речиси и не знаел“.